Мајкрософт губи околу 2,5 милијарди долари годишно
Компанијата Мајкрософт годишно губи околу 2,5 милијарди долари бидејќи софтверскиот пакет Офис не е прилагоден за употреба на Ајфон и Ајпед уредите, сметаат аналитичарите. Овој софтверски гигант веќе има програми достапни за Ајфон и Ајпед, но Офисот се уште не е во понуда. Според последните податоци, одделот Вондоуз на Мајкрософт го зазема првото место кога се работи за приходите, од 5,88 милијарди долари, додека Бизнис одделот во чии рамки се наоѓа Офис и други сервиси, бил на второ место со 5,69 милијарди долари.
Слично
