Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајкрософт дава 400 милиони долари за дивиденда

Мајкрософт дава 400 милиони долари за дивиденда
Мајкрософт денеска најави дека ќе ја зголеми својата тримесечна дивиденда до 28 центи по акција. Тоа е околу 3% повеќе од аналитичката очекувања. Вкупно за дивиденда компанијата ќе издвои 400 милиони долари за кварталот, пишува Reuters. Од Microsoft исто така најавија и дека почнува новата постапка за откуп на сопствени акции, која ќе биде во вредност од 40 милијарди долари. Таа ќе ја замени старата процедура, која исто така е во вредност од 40 милијарди долари и чиј рок истекува на 30 септември 2013 година. Три часа по почетокот тргувањето на американската берза, акциите на софтверската компанија имаа раст од 0.73% до 33.04 долари за готово.
Слично

Поврзани вести