Мајкл Дел сака половина од вработените да му работат од дома
Во последната година и без друго страшната положба со сообраќајот во Силиконската долина е влошена уште повеќе. Луѓето кои живеат таму , ги обвинуваат за тоа извршните директори на Yahoo и HP, Мариса Маер и Мег Витман , односно и нивните барања, илјадници вработени на двете компании да работат од канцелариите на компаниите секој ден , изјавил жител од регионот за Business Insider .
Мајкл Дел сепак не е дел од овој тренд . Основачот на Dell сака половина од неговите 14 000 вработени во Раунд Рок , Тексас да работат од дома . Во моментов околу 20% од нив го прават тоа . Зголемувањето на бројот на луѓето на компанијата , кои работат од дома, и заштедија на компанијата околу 14 милиони долари минатата година .
Според проценките на компанијата, овие службеници исто така заштедиле 6 735 метрички тони штетни гасови на атмосферата со тоа што не патувале секој ден до работно место . Dell им покажува на другите големи компании дека работата од дома не е нешто од што треба да се плашат , а дури треба да биде промовирана .
Слично
