МАЈКАТА ОЧАЈНО БАРА СПАС: Девојката од Германија е жива, но е тешко повредена во Газа
Иако се сметаше дека загинала, Шани Лук, девојка од Германија е пронајдена е жива во болница во Газа.
Мајката на девојката, Рикарда Лук изјави дека Шани е во тешка состојба во болница во Појасот Газа и дека е потребно да ја евакуираат. Милитантите од Хамас ја киднапираа девојката.
„Добивме информации дека Шани е жива, но дека се здобила со сериозна повреда на главата и е во критична ситуација“, вели мајката во видеото објавено од Тагешау и ја повика германската влада да направи напори за да ја евакуира нејзината ќерка од Појасот Газа.
Во саботата наутро, терористите ја киднапирале на фестивалот на електронска музика во близина на Појасот Газа.
„Секоја минута е критична. Барам од германската влада брзо да дејствува. Ова е мојот очаен апел до целата земја да ми помогне да ја донесам мојата Шани дома”, рекла очајната мајка.
Неподвижната полугола девојка беше снимена во пикап меѓу неколку милитанти. Нејзината мајка ја препознала по тетоважите.
Изреал денеска го бомбардираше Појасот Газа. Ваков удар немаше во 75-годишниот конфликт со Палестинците. Хамас претходно се закани дека ќе егзекутира израелски заложници ако продолжат нападите на цивилите.Хамас уби странски државјани од повеќе земји.
