Мајката на Вовк со месеци не се видела со ќерка си и е шокирана дека се товари за убиството на Дугина
Се појавија нови детали за Украинката Наталија Вовк за која се тврди дека стои зад убиството на Русинката Дарја Дугина, која загина на 20 месецов откако експлодираше автомобилот кој го возела.
Мајката на Вовк изјави дека од јуни не ја видела својата ќерка и долго време не разговарала со неа на телефон. Последен пат се виделе во мај или јуни, откако Наталија од странство се вратила во Мариупол. Вели дека само нејзиниот татко, Павел Вовк, одржувал контакт со нејзината ќерка.
„Немам никаква дописка со неа, не сме разговарале долго време“, изјави таа во интервју за новинарите, пренесува РЕН ТВ.
Вели дека за инцидентот дознала од телевизија и дека е „многу шокирана“.
Изјавила дека нејзината ќерка се приклучила на Вооружените сили на Украина за да ги одгледува двете деца.
„Таа отиде таму во време на мир, служеше во вооружените сили на Украина и пред војната. Таму работела две години“, изјавила мајката на Наталија Вовк, а пренесува „Известија“.
Поради операција и здравствени проблеми Вовк се повлекла од армијата.
Руските истражители не ја исклучуваат можноста дека во убиството на новинарката Дарја Дугина биле вмешани и други лица, освен Украинката Наталија Вовк, по која Истражниот комитет има намера да распише потерница, информираше за Спутник прес-службата на Истражниот комитет.
