Мајката на еден од париските бомбаши: Син ми се разнел од стрес!
Мајката на Ибрахим Абдеслем кој се разнесе во кафулето „Comptoir Voltaire“ во Париз, изјавила дека нејзиниот син не сакал да убива никого. Според неа тој го извршил нападот од стрес, соопштува „Дејли Меил“.
Роднините на Абдеслам забележуваат дека се виделе со него два дена пред нападот и не забележале никакви знаци дека имал намера да „изврши нешто сурово“. Во исто време тие признаваат дека Ибрахим поминал долго време во Сирија.
Претходно беше објавено дека братот на Ибрахим - Мохамед Абдеслам, е уапсен од полицијата на 15 ноември. Додека третиот брат беше фатен денес за време на специјална операција во Брисел, подоцна сепак полицијата ја негираше оваа информација.
Сега роднините тврдат дека се изненадени од постапката на Ибрахим. Салах сепак бил нешто друго - тој имал радикални ставови.
