Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајката и сестрата на Кулибали ги осудија нападите во Париз

Мајката и сестрата на Кулибали ги осудија нападите во Париз
Мајката и сестрата на џихадистот Амеди Кулибали ги осудиле неговите напади и изразиле „искрено сочуство“ до семејствата на жртвите. „Ние ги осудуваме овие акти. Ние апсолутно не делиме вакви екстремистички идеи. Се надеваме дека нема да има никакви конфузии и мешање на ваквите гнасни недела со муслиманската вера“, истакнале во соопштение кое го доставиле до агенцијата „АФП“. Кулибали во петокот беше убиен од страна на француските полициски сили откако претходно упадна во супермаркет во Париз каде уби четири заложници. Ден претходно, тој уби и еден полициски припадник во Монруж.
Слично

Поврзани вести