Мајка си го тужи синот зошто го сменил полот
Енмари Калгаро го тужи својот 15 годишен син од Минесота бидејќи започнал процедура на промена на својот пол без нејзина согласност. Во тужбата поднесена до федералниот суд во Минесота покренато е обвинение и против докторите кои ја извршиле операцијата за промена на полот, како и до училиштето бидејќи за намерите на нејзиниот син, а веќе ќерка, не била информирана.
Момчето со променет пол веќе правно се декларирало како жена, 6 месеци не живее со својата мајка и покрај тоа што оди на училиште работи на две места за да може самостојно да се издржува. Правниците во САД се запрепастени од потегот на Енмари за кој сметаат дека повеќе е обид да извлече пари за оштета од училиштето и болницата која ја спровела процедурата, а не од грижа за состојбата на своето дете.
