Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајка на жртва од Дизелдорф тврди дека медиумите кријат детали

Мајка на жртва од Дизелдорф тврди дека медиумите кријат детали

Клаудија Летиција, мајка на Доменик кој е жртва на нападот од Дизелдорф вели дека медиумите кријат детали за нападот од вчера. 

Таа на социјалните мрежи објави фотографија од син ѝ кој со секира бил нападнат од зад грб и бил подложен на  операција. 

„Го удриле со секира во грб и глава. Операцијата траеше долго. Медиумите кријат и сакаат да заташкаат. Ова е многу лошо. Ве молам споделете го мојот статус“ - напишала таа. 

Потоа таа напишала дека Доменик е свесен. 

За нападот на железничка станица во Дизелдорф, полицијата уапси 36 годишен маж кој е по потекло од Косово и се претпоставува дека имал психичка болест. 

Слично

Поврзани вести