Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајка на осум деца затворена во колиба и со синџир околу вратот - ова ги разгневи Кинезите

Мајка на осум деца затворена во колиба и со синџир околу вратот - ова ги разгневи Кинезите

На Тик Ток се појави видео кое ја шокираше кинеската јавност. 

Станува збор за видео  на кое се гледа мајка на осум деца, затворена во селска колиба, со синџир околу нејзиниот врат, јави Би-Би-Си.

Кинески граѓани бараат властите да интервенираат и да ѝ помогнат на жената.

Многумина отворија дебата околу насилството врз жените и нивните лимитирани права во руралните средини низ Кина. Се поставуваат и прашања во кои услови жената ги родила осумте деца.

Властите започнаа истрага за сопругот на жртвата. Според нив, жената е во болница на лекување, а децата се земени под државна грижа. На жртвата, како што велат, неодамна ѝ е дијагностицирана шизофренија.

Слично

Поврзани вести