МАЈКА МОНСТРУМ ИМ ГИ ОТСЕКЛА ГЛАВИТЕ НА СИНЧЕТО И КУЧЕТО: Потоа пеела облеана во крвта на детето
Полицијата во Канзас
Сити добила повик за несреќа, а кога излегла на лице
место наишла на ужасна глетка. Според полициските извештаи, 35-годишната Таша Хаефс ги убила своето
шестгодишно дете и семејното куче.
Според КЦТВ, полицијата во вторникот доцна вечерта добила повик од жена која рекла дека е загрижена затоа што некој се обидува да и наштети. Жената и рекла на полицијата дека верува дека ѓаволот се обидува да ја нападне и негирала дека има било каква ментална болест и ја спушти слушалката, рекоа официјалните лица.
Полицијата потоа отишла во куќата за да провери што се случува и пронашла трага од крв што води до влезната врата. Полицајците можеле да ја слушнат жената како пее во куќата, а додека тие тропале, жената пеела уште погласно.
Еден полицаец погледнал во куќата и видел отсечена глава на дете.
Полицијата насилно ја пробила задната врата од куќата. Ја пронашле Таша, со крв на нозете и стапалата. Зад кујната полицијата пронашла тело на обезглавено дете.
Полицијата подоцна соопшти дека пронашла и обезглавено куче во подрумот.
Според обвинителството на округот Џексон, Таша им кажала на детективите дека жртвата е нејзиното биолошко дете и признала дека го убила. Таа е обвинета за убиство од прв степен, а обвинителството побарало да биде задржана во притвор.
ФОТО: KANSAS CITY POLICE