Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЈКА И ЌЕРКА (2) ПРВИ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО МИНХЕН - Авганистанец возеше низ луѓе со автомобилот, пукале за да го запрат

МАЈКА И ЌЕРКА (2) ПРВИ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО МИНХЕН - Авганистанец возеше низ луѓе со автомобилот, пукале за да го запрат

Една жена (37) и нејзината двегодишна ќерка починаа од повредите здобиени откако авганистански државјанин влета со автомобил во толпа луѓе во Минхен во четвртокот, соопшти денеска германската полиција, потврдувајќи дека тие се првите жртви на ужасниот напад.

Полицијата соопшти дека најмалку 39 лица биле повредени во четвртокот кога 24-годишник од Авганистан влетал со автомобил на протестен митинг организиран од синдикатот Верди.

Тој е уапсен на местото на настанот, а во петок треба да се појави на суд.

„За жал, денеска мораме да ја потврдиме смртта на двегодишно дете и 37-годишна мајка“, изјави за AFP портпаролот на полицијата Лудвиг Валдингер.

Инцидентот во кој автомобил влета во толпа во центарот на Минхен се случи десет дена пред Германците да излезат да гласаат на сојузните избори.

За потсетување, Фархад Н.(24) во четвртокот со автомобил влета во група демонстранти во Минхен, при што беа повредени најмалку 30 лица.

Нападот се случил околу 10:30 часот кога 24-годишен маж влетал со автомобил „мини купер“ во луѓе кои учествувале на протестот на синдикатот Верди. Имено, на собирот имало околу 1.000 луѓе, а напаѓачот го заобиколил полицискиот автомобил кој го обезбедувал собирот и се упатил кон луѓето. Полицијата потоа почнала да пука за да го спречи.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести