Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЈКА И ДЕТЕ ЗАГИНАА ПО ПАД ОД ТРАЕКТ ОД ШВЕДСКА КОН ПОЛСКА: Не е несреќа, покажува истрагата

МАЈКА И ДЕТЕ ЗАГИНАА ПО ПАД ОД ТРАЕКТ ОД ШВЕДСКА КОН ПОЛСКА: Не е несреќа, покажува истрагата

Смртта на една Полјака и нејзиниот седумгодишен син минатата недела по падот од траект во Балтичкото Море, додека пловеле од Шведска кон Полска, не била несреќа, покажа прелиминарната истрага, објавија данските власти.

Случајот се истражува како можно убиство, соопштија претходно шведските обвинители.

Случајот е предаден на полицијата, јавниот обвинител и данските поморски власти за понатамошна истрага. Данските власти го истражуваат случајот бидејќи траектот „ Stena spirit“  пловел под данско знаме.

„Нашата истрага сосема јасно покажа дека тоа не е несреќа“, изјави за Ројтерс Осур Јарлеивсон Хилдуберг, шеф на данскиот одбор за истрага на поморски несреќи.

Во текот на прелиминарната истрага беа собрани видеа, слики и изјави на сведоци, рече Хилдуберг.

Траектот бил на половина пат до Гдиња во Полска кога детето паднало од бродот. Мајката скокнала од палубата во обид да го спаси детето, но и таа загинала.

ФОТО: Unsplash/Martinostsee

Слично

Поврзани вести