Мајка фрли тригодишно девојче во дувло на мечка во зоолошка
Во Узбекистан мајка си го фрли детето на возраст од 3 години во дувло на мечка.
Камерите на Зоолошката градина го „уловија“ моментот. Мечката се приближила до девојчето, го надушкала, а потоа се оддалечила. Работниците во зоолошката успеале да ја намамат мечката во затворен дел од кафезот за да можат нивните колеги да го извлечат детето. Шест работници од зоолошката градина влегуваат надвор од кафезот, а еден го зема девојчето и го изнесува надвор. Мајката е приведена и се соочува со кривична пријава за обид за убиство и може да добие до 15 години затвор. Девојчето е во болница поради повреда на главата и расекотини кои ги добило при падот.
Слично
