Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајка Бежанија - РУСИЈА ЌЕ ЈА НАПУШТАТ НАД 15 ИЛЈАДИ МИЛИОНИЕРИ, ОД УКРАИНА СИ ЗАМИНАЛЕ БЛИЗУ ТРИ ИЛЈАДИ - прв се сели моќниот капитал

Мајка Бежанија - РУСИЈА ЌЕ ЈА НАПУШТАТ НАД 15 ИЛЈАДИ МИЛИОНИЕРИ, ОД УКРАИНА СИ ЗАМИНАЛЕ БЛИЗУ ТРИ ИЛЈАДИ - прв се сели моќниот капитал

Над 15.000 милионери ќе ја напуштат Русија до крајот на годинава, пишува Гардијан, цитирајќи ја лондонската компанија „Hanley & Partners“. 

Олигарсите му го вртат грбот на Владимир Путин уште од почетокот на војната. Но, оние кои ќе се заминат се само 15 отсто од вкупната бројка на милионери во државата, односно од оние кои во кеш поседуваат над милион долари.

Извесен Ендрју Амоилс за лондонската компанија објаснува зошто пропаѓаат државите.

„Пропадот на државите е условен од забрзаната емиграција на најбогатите луѓе. Таа судбина сега ја чека Русија поради војната во Украина“, рече Ендрју.

Според него, милионерите често се првите кои емигрираат кога ќе проценат дека е потребно. Од почетокот на војната во Украина, голем број луѓе се иселиле од таа земја. Според проценките на медиумите, околу пет милиони луѓе ја напуштиле земјата, додека се тврди дека околу 2.800 милионери ја напуштиле Украина. Тоа претставува дури 43 отсто од вкупниот број милионери во оваа земја.

Според „Hanley & Partners“, повеќето од богатите одат во САД и во Велика Британија. Многумина се очекува да побараат засолниште во Обединетите Арапски Емирати. Се очекува дека милионерите ќе одат и во земји како Австралија, Сингапур, Израел, и во трите земји на М, Малта, Маурициус и Монако.

Најчеста причина за одење во овие земји е даночната политика, пренесува„Гардијан.

Меѓу земјите на М, само во Малта годинава ќе се доселат околу 300 милионери. Се смета дека државата е меѓу првите во Европа по раст на богатството, кое се зголемило за цели 87 отсто, во последните 10 години.

Една од причините за успехот на Малта е фактот што можете брзо да добиете државјанство ако сте се натурализирале во средината, во посебна постапка.

Слично

Поврзани вести