Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајк Помпео работи на последната пречка Македонија да добие датум за преговори

Мајк Помпео работи на последната пречка Македонија да добие датум за преговори

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, како што стои на официјалниот сајт на Стејт Департментот, го повикува франускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ла Дриан да го поддржи проширувањето на НАТО Алијансата и да се приклучи кон поканата за Македонија да биде примена во организацијата.

Франција засега е единствената земја која покажува отпор кон можноста Македонија да добие датум за преговори од ЕУ. 

Помпео исто така од Французите бара да испратат покана за отворање на преговорите помеѓу ЕУ и Македонија за полноправно членство, откако беше потпишан договорот меѓу Македонија и Грција.

Помпео и Ла Дриан освен за ова прашање, разговарале и за ситуацијата во Сирија, како и за резултатите од самитот во Сингапур.


Слично

Поврзани вести