Мајк Пенс во Естонија ќе збори за анти-ракетен систем за одбрана од Русија
Потпретседателот на САД Мајк Пенс ја започнува неговата европска турнеја во Естонија каде денска треба да оствари средба со тамошните челници за повеќе важни безбедносни прашања и поставеноста на Балтикот измеѓу ЕУ и НАТО од една страна и Русија и националниот патриотизам на друга страна.
Естонија долго време се обидува да се оттргне од земји како Украина со цел да не прерасне во идно кризно жариште на кое ќе му е потребна меѓународна помош со која како што гледаме во последно време избива се полоша домашна криза.
Исто така Пенс ќе разговара за можноста за поставување на штит за национална одбрана во случај на ракетен напад од Русија кој ќе биде користен превентивно и без никакви офанзивни додатоци.
Следно на агендата на потпретседателот Пенс е посета на Полска и на крај Црна Гора во наредните денови каде ќе има посебна средба со балканските лидери меѓу кои македонскиот премиер Зоран Заев.
