Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маѓар: Олигарсите на Орбан префрлаат милијарди во странство

Маѓар: Олигарсите на Орбан префрлаат милијарди во странство

Победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар тврди дека луѓе блиски до премиерот во заминување Виктор Орбан масовно префрлаат капитал во странство и се подготвуваат заминување од државата. 

Според Маѓар, станува збор за трансфери вредни милијарди евра кои се насочуваат кон земји како Обединетите Арапски Емирати, САД и Уругвај – држави кои, како што тврди, имаат посложени процедури за екстрадиција. Овие потези, според него, укажуваат на подготовка за можни правни последици и обиди за заштита на капиталот.

Тој дополнително обвини дека дел од олигарсите веќе започнале со продажба на имот и бизниси во Унгарија, додека некои од нив наводно веќе ја напуштиле земјата или се во фаза на заминување.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести