Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мадуро тврди дека над осум милиони луѓе се спремни да ја бранат Венецуела

Мадуро тврди дека над осум милиони луѓе се спремни да ја бранат Венецуела

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро кого американскиот претседател Доналд Трамп го обвинува дека води „нарко-држава“ , тврди дека повеќе од осум милиони луѓе се пријавиле да ја бранат земјата како дел од „националниот систем за одбрана“. Од нив, над четири и пол милиони, според неговите зборови, веќе имаат претходна обука и се подготвени за можен вооружен судир.

Сепак, аналитичарите проценуваат дека овие бројки се нереални. Reuters, повикувајќи се на повеќе извори, наведува дека венецуелската армија — која има околу 300.000 припадници, вклучително и паравоени формации — е ослабена поради недостиг на обука, ниски плати и застарена опрема. Истите извори посочуваат дека мобилизацијата, доколку се случи, најверојатно би се мерела во илјадници, а не во милиони луѓе.

Аналитичарот Андреј Сербин Понт смета дека Венецуела не може да очекува директна воена помош од Русија или Кина. Наместо тоа, Мадуро се обидува да ги одврати САД со предупредувања за хаос што би можел да се прошири низ регионот.

Инаку, вчера Трамп извести дека е затворен воздушниот простор над Венецуела. 

Владата на Венецуела остро ја осуди изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој повика воздушниот простор над и околу таа држава да се смета за „целосно затворен“ . Коментарите предизвикаа конфузија во Каракас и беа оценети како „колонијалистичка закана“ за суверенитетот на земјата.

Слично

Поврзани вести