Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мадуро: Обама си поставил задача да изврши државен удар во Венецуела, но нема да успее

Мадуро: Обама си поставил задача да изврши државен удар во Венецуела, но нема да успее
Барак Обама лично си поставил за задача да изврши државен удар во Венецуела, но сличните постапки се осудени на пропаст, изјавил венецуелскиот претседател Николас Мадуро во обраќањето до нацијата емитувано директно на телевизија и радио,а пренесоа агенциите. Тоа беше првата реакција на Мадуро по декретот на Обама, со кој најави дека Венецуела е закана за националната безбедност, наложил санкции на седум физички лица и изразил загриженост од начинот на кој венецуелската влада се однесува со политичките противници. „Претседателот Обама реши да тргне по безнадежен пат, по патот на неуспехот. Одлучи да го остави за себе истиот спомен каков што оставија Ричард Никсон и Џорџ Буш“, изјавил Мадуро.
Слично

Поврзани вести