Мадуро до Трамп: Tреба да се фокусира на проблемите во сопствената земја
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска му одговори на американскиот претседател Доналд Трамп, порачувајќи му да се фокусира на проблемите во сопствената земја. Тензиите ескалираа поради запленувањето на венецуелските танкери за нафта и санкциите што САД ги воведе.
Мадуро ги критикуваше потезите на САД против испораките на венецуелска нафта и предупредувањата на Трамп до Каракас. Тој нагласи дека американскиот претседател треба да ги даде приоритет на домашните проблеми.
„Мислам дека претседателот Трамп треба да се фокусира на проблемите во сопствената земја“, кажа Мадуро.
Тој се обиде да ги увери меѓународните партнери, нагласувајќи дека Венецуела останува сигурна во почитувањето на деловните договори и покрај санкциите. Тој потврди дека договорите со американската енергетска компанија „Шеврон“, која работи во Венецуела под посебна американска лиценца, се почитуваат целосно.
Американската војска соопшти дека извршила нов напад врз мал брод во источниот дел на Тихиот Океан, за кој постоеле сомнежи дека учествува во шверц на дрога. Во акцијата загинало најмалку едно лице.
