Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мачка се заразила со коронавирусот од сопствениците

Мачка се заразила со коронавирусот од сопствениците

Во Велика Британија, мачка е позитивна на коронавирус. 

Independent пишува дека мачката е заразена од нејзините сопственици, кои биле позитивни на COVID-19. 

Управителката на ветеринарната служба, Кристин Мидлмис, изјави дека станува збор за редок случај во кој мачка е заразена со коронавирус во Велика Британија.

Во меѓувреме сите оздравеле, дури и мачката и вирусот не е пренесен понатаму ниту на луѓе, ниту на животни, соопшти британската влада.

Британскиот институт за јавно здравје препорачува граѓаните редовно да ги мијат рацете пред и по контакт со животни.

Во однос на заразени животни досега симптомите биле благи, а домашните миленици оздравеле за неколку дена.

Научниците велат дека луѓето можат да заразат животни со вирусот, но не и обратно. 

Слично

Поврзани вести