Економија, финансии, бизнис

Контакт

МААЕ: ОВА Е СЕРИОЗНА СИТУАЦИЈА, Украина јавува дека не е оштетена есенцијалната опрема

МААЕ: ОВА Е СЕРИОЗНА СИТУАЦИЈА, Украина јавува дека не е оштетена есенцијалната опрема

Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) соопшти дека нејзиниот центар за инциденти работи со полн капацитет, откако дошло до „сериозната ситуација“ во нуклеарната централа во Запорожје.

Генералниот директор на МААЕ Рафаел Грос изјави дека е „длабоко загрижен“ за оваа ситуација и дека разговарал со премиерот на Украина Денис Шмигал за да остане во близок контакт со украинските нуклеарни институции, пренесува „Гардијан“.

Претходно Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Украинците им кажале дека пожарот во електраната во Запорожје „не влијаел на основната опрема“ и дека персоналот на централата ги презема сите мерки за ублажување на штетите.

фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести