Луксузни автомобили пропаднаа во земја!
На љубителите на автомобилите Корвета сигурно нема да им е лесно, кога ќе го видат видеото од инцидентот во Националниот музеј за Корвети во Боулинг Грин.
Имено, среде музејот се отвори дупка во земјата и „проголта“ осум изложени луксузни модели.
Понорот бил широк 12, а длабок 8-9 метри. За време на истрагата, дел од музејот ќе биде затворен за јавност. Музејот во американската сојузна држава Кентаки за среќа бил празен за време на инцидентот.
Од оштетените автомобили, шест биле подарок од вљубеници во оваа автомобилска марка, а два биле во сопственост на „Џенерал Моторс“. Во музејот се изложени и позајмени автомобили, но тие биле поставени во друг дел, па ја избегнале катастрофата.
http://www.youtube.com/watch?v=EWrpWIyjlkA
Слично
