ЛУКСУЗНИ АВТОМОБИЛИ, ЧАСОВНИЦИ, МИЛИОНИ ВО КЕШ, што заплени Романија од женомрзецот Ендрју Тејт
Романските власти
објавија дека заплениле ликсузна стока во вредност од четири милиони евра, како
и кеш што е дел од истрагата за наводна трговија со луѓе при што доведе до
апсење на контроверзниот инфлуенсер, поранешен професионален кикбоксер и
самопрогласен мизогинист односно женомрзец,Ендрју Тејт.
Ролс Ројс, БМВ, Мерцедес...
Националната агенција за управување со конфискуван имот минатата недела го презеде управувањето со 29 движни средства, меѓу кои луксузни возила и скапи часовници, како и готовина во различни валути, се вели во соопштението објавено доцна во синоќа.
Во саботата, репортерот на Ројтерс видел неколку автомобили, меѓу кои Ролс Ројс, БМВ и Мерцедес-Бенц, како се возат од имотот на Тејт на периферијата на главниот град Букурешт, по што биле ставени во специјален складиште.
Обвинет за сексуална експлоатација на шест жени
Ендрју Тејт, неговиот брат и двете осомничени Романки беа уапсени на 29 декември под обвинение дека формирале криминална група која сексуално експлоатирала шест жени. Тие го негираа тоа. Тие, исто така, се обидоа да го оспорат едномесечниот налог за апсење, но апелациониот суд во Букурешт оваа недела ја отфрли жалбата, одлучувајќи дека сите тие треба да останат во притвор.
Ендрју Тејт, поранешен натпреварувач во британското реално шоу „Големиот брат“, стана познат по своите мизогински изјави и говорот на омраза. Поради неговите изјави, тој беше забранет од сите поголеми социјални медиуми, иако неговиот Твитер профил беше реактивиран во ноември откако платформата беше купена од Илон Маск.
Тејт има американско и британско државјанство, а меѓу другото рече дека жените се делумно одговорни за силувањето и дека им припаѓаат на мажите.
EPA-EFE/Robert Ghement