ЛУКСУЗ: Профитот на продавниците за накит „Тифани“ зголемен за 50%
Двоцифрен раст на продажбата, но и повисоки цени на производите - ова се причините заради кои профитот на американскиот производител на накит „Тифани“ е зголемен за цели 50% во првото тримесечје од годинава.
Нето профитот на „Тифани“ се зголемил на 125,6 милиони долари или на 97 центи по акција, што е значително подобро од 83,6 милини долари или 65 центи по акција колку што беа остварени во истиот период лани.
Приходите се зголемени за 13%, на 1,01 милијарди долари со што ги надминале сите очекувања. За цела година „Тифани“ очекува профит од 4,15 до 4,25 долари по акција.
Слично
