Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУКСУЗ: Парче чоколадо за 290 долари!

ЛУКСУЗ: Парче чоколадо за 290 долари!
Поранешен банкар прави чоколадо од кое само еден ред коцки чини 290 долари. Додека големите производители бараат начини да го надминат недостигот на сировина за производство на чоколадо, да ги подобрат приносите на какао и да ја задоволат растечката побарувачка на светскиот пазар, некои прават одличен бизнис од ситуацијата која се очекува да се влошува во следните години. Некогашниот инвестициски банкар, а сега претприемач, кондитор и борец за заштита на животната средина Џери Тот, ја произведува чоколадата То’ак со која препорачува чаша скапо виски, коњак или рум. Неговиот развоен пат е многу чуден - тој го напушти Волстрит кога сфатил дека тоа не е она што го сака, замонал во Јужна Америка и започнал да се забавува со девојка од Еквадор. Заедно основале организација за заштита на животната средина и прашумите, а им помагале и на локалните фармери да ги обноват пасиштата и да пошумат дел од своите поседи. И самите купиле имот на кој растеле диви дрвја какао и одлучиле да ги задржат. „Започнавме да одгледуваме какао и да го собираме плодот. Кога го направивме првото чоколадо сфативме дека вкусот е надвор од универзумот на чоколадите што до тогаш го познававме. Подоцна сфативме дека плодот од овој дел на Еквадор бил најмногу ценет низ историјата. Тоа е како на некој производител на вино еден ден да му кажете дека цело време живее во Бургундија“, вели Тот. Тој сега има и партнер, го развива бизнисот, а посебната нега на дрвјата му дава се повеќе приноси и се повеќе скапоцено чоколадо.
Слично

Поврзани вести