Луксембург и понатаму со најдлабоки џебови во ЕУ
Луксембург се уште е најбогатата држава од сите членки на ЕУ, додека Бугарија и покрај напредокот во последните три години останува најсиромашна. Ова е оценката на Европската канцеларија за статистика Евростат.
Бруто домашниот производ, во Луксембург по жител, мерено според индексот на куповната моќ, во 2012 година беше 263 евра, што е за два пати поголем износ од просечните 100 евра во ЕУ, пренесе „Асошиејтед прес“.
Зад Луксембург се наоѓа Австрија, на третото место е Ирска, додека зад нив се Холандија, Шведска, Данска , Германија и Белгија.
Холандија која што во 2010 година беше на второто место, минатата година се најде на четвртото место со БДП по жител од 128 евра. Малта, Словенија и Чешка имаат од 10 до 20 проценти повисок БДП по жител од просекот на ЕУ, додека Словачка, Португалија, Грција, Литванија и Естонија 20 до 30 проценти под европскиот просек.
Хрватска со БДП по жител кој што за 38 проценти е помал од просекот на ЕУ, се наоѓа во групата со Полска, Унгарија и Летонија.
Слично
