Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУКАШЕНКО ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Не го понижувајте

ЛУКАШЕНКО ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Не го понижувајте

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да разговара со украинскиот колега, Володимир Зеленски, а не да го понижува. 

„Сега нема потреба да се понижува Зеленски, без разлика каков е тој. Тој треба да биде убеден, да се договори, бидејќи голем дел од украинското општество стои зад Зеленски“, рече Лукашенко во интервју со американскиот блогер Марио Нуфол.

Вели дека мировните преговори меѓу Русија и Украина, со посредство на САД, би можеле да се одржат во Белорусија.

„Имаме одлични односи со Русија и Кина. Но, сепак, не дај Боже да бидам некаков посредник меѓу овие гиганти“, рече претседателот на Белорусија.

Инаку, Зеленски при посетата на Вашингтон се скара со Трамп. Вчера тој кажа дека е спремен со посредство на САД на работат за мир во Украина. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од 3 години. 

Слично

Поврзани вести