Лукашенко за европските лидери: Утре цела Европа ќе биде запалена
Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги нарече европските лидери лудаци. Според него, тие не можат „да му кажат ‘не’ на Вашингтон“.
Верува дека граѓаните на европските земји сакаат да живеат во мир, но властите во тие земји не може „да го изгаснат пожарот во сопствениот дом“.
„Германија, (но и цела Европа) сега нема лидер, а и да има, не може да го изгаси пожарот ниту во својата куќа“, рече Лукашенко, пренесува „Танјуг“.
Лукашенко оцени дека Европејците не сакаат војна затоа што доволно добро разбираат што се случува денес во Украина.
„Овде во Белорусија исто така се обидуваат да подметнат пожар. Утре цела Европа ќе биде запалена“, рече Лукашенко.
Вели дека Европејците треба да престанат со конфронтацијата што веќе резултира со конфликт на територијата на Украина.
Белорусија е земја поддржувач на Русија. Украина се плашеше дека и Белорусија може да се вмеша во војната. Инвазијата на Украина почна на 24 февруари.