Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукашенко вели дека во Буча се случило шоу и дека знае кој го организирал тоа

Лукашенко вели дека во Буча се случило шоу и дека знае кој го организирал тоа

Не ширете лаги за Буча, ние знаеме кој го организирал тоа, вели белорускиот претседател Александар Лукашенко. 

Тој за новинската агенција „Асошиетед прес“, им се обрати на западните земји и ги повика да престанат со лагите, пренесува ТАСС.

„Пред сè, не требаше како пример да ја наведувате Буча и не знам колку сте информирани за она што се случило таму, но ние знаеме кој го организирал тоа шоу“, рече Лукашенко.

Украинската обвинителка Ирина Венедиктова вели дека нејзиниот тим идентификувал 10 лица за кои се верува дека извршиле воени злосторства во Буча.

Во еден случај, како што објасни, руски војници влегле во дом во кој се криеле цивили, им се заканувале со оружје и ги тепале со пушки.

Се наведува дека идентификуваните руски војници зеле цивили како заложници, не им давале храна, вода и ги мачеле. 

„Има убедливи докази дека руските трупи извршиле воени злосторства, вклучително и егзекуција на цивили, откако ги окупираа областите околу Киев во февруари и март“, соопшти денеска Амнести интернешнал.

Лукашенко претходно изјави дека Британците стоеле зад масакрот во Буча. 

Слично

Поврзани вести