Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукашенко вели дека многу научиле од војната во Украина

Лукашенко вели дека многу научиле од војната во Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вели дека неговата земја многу научила од војната во Украина. 

Кажа дека белоруските власти претходно на поинаков начин ја гледале својата армија, а пред се вооружувањето на армијата.

„ И повторно, сосема искрено, воената операција на Руската Федерација во Украина нѐ научи многу“, рече Лукашенко.

Тој исто така, рече дека му наложил на шефот на белоруското Министерство за одбрана, Виктор Хрењин, да извлече лекции за опремата и понатамошниот развој на војниците. Лукашенко предупреди и дека не треба да се дозволи конфликтот во Украина да се издигне на повисоко ниво. Тој бара двете страни да постигнат договор.  Белорусија ќе распореди трупи за специјални операции во три области во близина на нејзината јужна граница со Украина. 

Белорусија е земја која ја поддржува Русија и поради тоа и таа е под санкции. Откако почна војната во Украина, напад беше изведен и од белоруска територија. 

Слично

Поврзани вести