Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукашенко вели дека ќе издржат и челични санкции, а со Русите нема да можат да ги разделат

Лукашенко вели дека ќе издржат и челични санкции, а со Русите нема да можат да ги разделат

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вели дека и натаму ќе ја поддржуваат Русија. 

Лукашенко на церемонијата на положување венци на Споменикот на победата по повод 77-годишнината од победата над нацизмот рече дека Белорусите немаат право да не ја поддржуваат Русија, пренесува Белта. Вели дека со Русите секогаш биле заедно и обединети и дека нема да можат да ги разделат и растргнат. 

„Белорусите не се агресори, но на секој можен начин ќе ја поддржиме Русија“, изјави денеска Лукашенко.

Тој му порача на Западот дека Белорусите се мирни, но да не се ни обидуваат да разговараат со Минск од позиција на сила. Лукашенко рече дека Белорусија ќе издржи и „челични“ санкции. 

Русија и Белорусија се под санкции поради војната во Украина. Од белоруска територија руските сили извршија напад на Украина на почетокот на инвазијата. Лукашенко во повеќе наврати негираше дека руските сили стојат зад масакрот во Буча во Украина, каде имаше мачени и убиени цивили. 

Слично

Поврзани вести