Лукашенко тврди дека Западот нема да ги фрли на колена
Белорусија тврди дека санкциите нема да ја скршат. Истото го наведуваат и за Русија.
„Западот со санкции нема да успее да ги фрли на колена Минск и Москва“, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Пред граѓаните во регионот на Гомељ, Лукашенко истакна дека Белорусија и Русија имаат доволно ресурси, техонологија и интелигенција. Претседателот вели дека притисокот со санкции, принудува на барање нови можности.
„Пазарот е отворен, мора да се движите, а не да плачете“, додаде белорускиот претседател.
Откако почна војната во Украина, Русија, но и Белорусија се под санкции. Од белоруска територија Русите извршија напад на Украина. Дури во еден момент украинските власти стравуваа дека и Белорусија ќе ги нападне.
Слично
