Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУКАШЕНКО ТВРДИ ДЕКА САД ЌЕ ЈА СКАРААТ РУСИЈА СО ДРУГА ЗЕМЈА: За што точно зборува?

ЛУКАШЕНКО ТВРДИ ДЕКА САД ЌЕ ЈА СКАРААТ РУСИЈА СО ДРУГА ЗЕМЈА: За што точно зборува?

Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина, вели белорускиот претседател Александар Лукашенко. 

Тој изјави дека не ја исклучува можноста САД да се обидат да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина за време на преговорите за Украина.

„Не знаеме што сакаат САД. Ова го велам затоа што сум апсолутно навлезен во овие прашања. Не знаеме што ќе бараат од Русите за крај на војната и слично. Ми се чини дека сега ќе се обидат да ги свртат Русите против Кинезите“, рече Лукашенко.

Тој вели дека Русите не смее да го дозволат тоа, пренесе „Интерфакс“. Белорускиот претседател  изјави дека на Белорусите ќе им биде тешко да се натпреваруваат економски со американските и европските компании доколку се постигне договор за нивно враќање на рускиот пазар, но посочи дека сите имаат потреба од прехранбени производи. Кина изрази поддршка за иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување договор со Русија за ставање крај на војната во Украина за време на состанокот на Г20 во Јужна Африка, а сојузниците на САД застанаа на страната на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави „Ројтерс“. Војната почна пред три години. 

Слично

Поврзани вести