Лукашенко тврди дека некој поттикнува тензии на нивните граници и стравува од агресија
Соседните земји се подготвени за можна агресија врз Белорусија, тврди белорускиот претседател Александар Лукашенко, пренесува ТАСС, повикувајќи се на белоруските медиуми. Тврди дека некој трет поттикнува тензии.
„Свесни сме кој ги поттикнува токму тие соседи да создаваат тензии на нашите граници“, рече Лукашенко. Вели дека опасноста го натерала да изврши тестирање на силите за одговор при итни случаи.
Инаку, Белорусија дозволи од нејзина територија Русија во февруари да изврши напад на Украина.
Украина се плашеше дека и Белорусија може да се вклучи во инвазијата.
