Лукашенко: Тимот од Вагнер сака да оди на запад
Вагнеровци сакаат да ја поминат полската граница, вели белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој денеска се сретна со рускиот колега Владимир Путин во Санкт Петербург.
Според Телеграм, Лукашенко со шеговит тон рекол дека платеници од Вагнер, кои ја обучуваат белоруската армија, сакаат да ја преминат границата на Полска, членка на НАТО.
„Тимот од Вагнер почнува да нè стресува, сака да оди на запад. Да ги посетиме Варшава и Жешов“, ги пренесува Телеграм зборовите на Лукашенка.
По пристигнувањето на борците на групата Вагнер во Белорусија, Полска распореди дополнителни сили на границата со оваа земја сојузничка на Русија.Вагнер претходно направи неуспешен обид за пуч на рускиот претседател Владимир Путин. Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин во неколку наврати го навредуваше Путин, но и руските генерали. Тој кажа дека војната е со цел елитите да го ограбат Донбас.
