Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУКАШЕНКО СО ДРАМАТИЧНА ИЗЈАВА ЗА ЧЕРНОБИЛ: Платеници тргнале кон централата, итно да се обезбеди струја

ЛУКАШЕНКО СО ДРАМАТИЧНА ИЗЈАВА ЗА ЧЕРНОБИЛ: Платеници тргнале кон централата, итно да се обезбеди струја

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко разговарал со рускиот лидер Владимир Путин за ситуацијата во нуклеарната централа Чернобил и им наредил на белоруските специјалисти да и обезбедат електрична енергија.

Според белоруската новинска агенција БелТА, Лукашенко зборувал за тоа на средба со раководството на белоруското Министерство за одбрана, а неговиот разговор со Путин бил одржан во средата навечер.

„Можеме сами да видиме, а нивните податоци се поклопуваат со нашите, дека е прекинато напојувањето на централата во Чернобил. Вие многу добро разбирате дека самата централа произведува струја, но и троши многу струја за работа“, рекол Лукашенко.

Руското Министерство за одбрана на 25 февруари објави дека нуклеарната централа во Чернобил е под контрола на руската армија, која, според Интерфакс, спроведува специјална операција во Украина.

Во исто време, персоналот остана да работи во фабриката.

Украинскиот оператор на електраната „Укренерго“ вчера објави дека нуклеарната централа во Чернобил е целосно без струја, а борбите во околината спречиле обновување на нејзиното напојување.

Компанијата „Енергоатом“ соопшти дека струјата во нуклеарната централа во Чернобил е неопходна за ладење на складиштето на потрошеното гориво, а поради загревањето на базенот за потрошено гориво може да се испуштаат радиоактивни материи во околината.

Лукашенко, исто така, му нареди на Министерството за одбрана дека белоруската војска мора да спречи каков било напад врз руските сили „од зад грб“.


Слично

Поврзани вести