Лукашенко се закани дека со Русија ако одговорат заедно нема само Европа да трепери
Белорускиот претседател Александар Лукашенко вели дека е глупост тврдењето дека тие ќе се вмешаат во војната во Украина.
Тој изјави дека во случај на напад од запад или југ, Белорусија ќе одговори заедно со Русија.
„Во случај некој да нè нападне, не можете ни да замислите како можеме да одговориме. Нема да го разгледуваме проблемот со валкана, чиста нуклеарна бомба. Ќе одговориме така што нема само Европа да трепери. Ова е нашата заедничка група на вооружени сили“, изјави Лукашенко за „Првиот канал“ на маргините на самитот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во Ереван.
Белорусија е земја поддржувач на Русија. Од нејзина територија Русија изврши напад на Украина на почетокот на инвазијата. Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак вчера изјави дека побарал ракетните системи Патриот што ѝ ги понуди Германија на Полска да ги испрати во Украина.
