Лукашенко потпиша закон со кој се предвидува смртна казна иако вакво нешто нема во Европа
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потпиша закон со кој се предвидува смртна казна за обид за извршување терористичко дело, јави РИА Новости, пренесе АФП.
Белоруските пратеници на крајот на април усвоија во две читања предлог-закон за изменување на Кривичниот закон кој нуди можност за смртна казна во случај на обиди за терористички напади. Прес-службата на долниот дом на парламентот нагласи дека „нацрт-законот е подготвен со цел да се одвратат деструктивните елементи и да се покаже решителната борба на државата против терористичките активности“. Белорусија е последната земја во Европа која употребува смртна казна, а се извршува со стрелање.
Законот ќе стапи во сила 10 дена по неговото објавување. Белорускиот суд во градот Гродно денеска почна затворено рочиште за случајот против 12 активисти обвинети за „подготовка на терористички акти".
