Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукашенко откри за што ќе разговараат со Путин

Лукашенко откри за што ќе разговараат со Путин

Белорускиот претседател Александар Лукашенко кажа дека на средбата со рускиот колега Владимир Путин на 19 месецов ќе разговараат за економијата.

Тој вели дека Минск никогаш нема да биде непријател на Москва.

„Ќе разговараме за воено-политичката ситуација околу нашите земји. Се разбира, ќе зборуваме и за одбранбена способност и безбедност. Но, најважна е економијата“ – вели Лукашенко.

Тој рече дека ниту една од заедничките програми не навлегува во суверенитетот и независноста на Белорусија.

„Да, ние сме со Русија. Како суверена и независна држава“, вели белорускиот лидер.

Путин в понеделник ќе оди во својата прва посета на Белорусија по повеќе години. Белорусија дозволи од нејзина територија Русија да ја нападне Украина на почетокот на инвазијата на 24 февруари. 

Русија се закани на земјите членки на НАТО кои помагаат на Украина. 

Слично

Поврзани вести