Лукашенко на готовс на границите, Белорусија на нозе
Се уште траат протестите во Белорусија, незапаметени во историјата на државата. Почнаа по претседателските избори на 9 август кога Александар Лукашенко го освои шестиот мандат. Во меѓувреме тој од пред некое време го блокираше интернетот, а блокирани се интернет страниците на познатите медиуми.
Белоруското здружение на новинари соопшти дека, меѓу останатите се блокирани и сајтовите на американското „Радио Слобода“ и полскиот сателитски ТВ канал „Белсат“, наменети за Белорусија, како и дека државната издавачка куќа го запрела печатењето на два главни независни весници, „Народна волја“ и „ Комсомолска правда“.
Низ протестите на кои полицијата употребувашеи сила беа приведени 7.000 демонстранти. На најголемиот собир до сега на 16 август во Минсk се собрале 200.000 демонстранти.
Демонстрантите истакнуваат дека се незадоволни од опаѓањето на животниот стандард и однесувањето на Лукашенко кон опасноста од епидемијата со коронавирусот и неговите притисоци кон опозицијата.
Вчера тој ден претходно ги стави вооружените сили на земјата на „висок степен на предупредување“, поради тврдењата дека западот распоредува сили на границата на земјата.
Лукашенко тврди дека силите на НАТО во Полска и Литванија „сериозно се мешале“ во близина на границите на Белорусија. НАТО соопшти дека тврдењата се „неосновани“.
„Како што веќе јасно кажавме, НАТО не претставува закана за Белорусија или за која било друга земја и нема воено градење во регионот“, се вели во соопштението.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа исто така го негираше обвинението.
