Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукашенко лут на проукраинските активисти сака да воведе смртна казна за антивоена саботажа

Лукашенко лут на проукраинските активисти сака да воведе смртна казна за антивоена саботажа

Белорусија сака да воведе смртна казна за антивоената саботажа на пругите. 

Белорусија се обидува да воведе закон со кој со смртна казна би се казнувале „обидите за терористички напади". 

За вакво законско решение размислуваат откако проукраински активисти се обиделе да саботираат делови од железничката мрежа за да им отежнат на руските сили да испратат воена опрема во Украина. Промените сега мора да бидат потврдени во горниот дом на парламентот, а пред да стапи на сила законот мора да го потпише белорускиот претседател Александар Лукашенко, пренесе Ројтерс.

Кога Русија ја почна инвазијата на Украина, од белоруска територија Русите изведоа напад на Украина. Белорусија цело време ја поддржува Русија и поради ваквата политика и против неа Западот воведе санкции. 

Слично

Поврзани вести