Лукашенко: Кој би помислил дека ние, Словените, еден ден ќе се бориме еден против друг
Ја поддржуваме Русија, но се сеќаваме и на Украинците кои ги напуштија домовите, вели белорускиот претседател Александар Лукашенко. Кажа дека лани 10.000 луѓе од Украина нашле засолниште во неговата земја.
Лукашенко изјави дека прави напори Белорусите да живеат во мир и, како што рече, да ги поминат деновите во топлина, опкружени со семејството и да бидат свесни за една многу вредна работа наречена мир. Како што објави Спутник, тој кажал дека конфликтот во Украина е „страшен феномен“.
„Кој би помислил дека ние, Словените, еден ден ќе се бориме еден против друг. Мора да се преземат чекори за да се уништат точките на конфронтација во нашето општество“, вели Лукашенко.Инаку, рускиот претседател Владимир Путин се појави сам за Божиќ во црква и го честиташе празникот.
Белорусија дозволи од нејзина територија Русија да изврши напад на Украина лани на почетокот на инвазијата.
Слично
