Лукашенко: Kога отидовме во Емиратите, добив многу сериозни информации за обид за атентат врз Пригожин
Добив дојава за подготовка на атентатот на Пригожин, итно го известив Путин, вели белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Лукашенко го предупредил лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин дека „може да биде цел на атентат“.
„Последниот пат кога отидовме во Емиратите, од мои извори добив многу сериозни информации во врска со обидот за атентат врз Евгениј Пригожин. Во следните два часа, по моја инструкција, беше пронајден и повикан кај мене рускиот амбасадор во Емиратите. Му дадов шифрирана порака за да ја пренесе до Кремљ, Путин и Бортников во врска со претстојниот обид за атентат врз Пригожин“, изјави белорускиот претседател.
Лукашенко претходно изјави дека не верува дека рускиот претседател Владимир Путин го организирал убиството на Пригожин. Пригожин загина во авионска несреќа во средата во реонот на Москва.
По неуспешниот пуч против руското воено раководство во јуни, борците на Вагнер заминаа во Белорусија. Во Русија се води дебата каде ќе биде погребан Пригожин.Британските разузнавачи тврдат дека зад несреќата стои генерал-мајор Андреј Аверјанов.
