Лукашенко ги повика соседите да живеат во пријателство
Белорускиот претседател Александар Лукашенко по повод Велигден упати мирољубива порака. Тој денеска ги повика соседните земји да „живеат во хармонија“.
Лукашенко денеска ја запали велигденската свеќа во храмот Преображение Господово во Копис.
„Да го заштитиме светот. Најпрво би сакал да апелирам до соседите: да живееме во пријателство“, рекол Лукашенко, пренесува Белта.
Откако Русија ја почна инвазијата на Украина, на 24 февруари, Белорусија и дава поддршка на Русија, па дури напад на Украина беше изведен од белоруска територија. ЕУ воведе санкции за Русија, но и за Белорусија.
Слично
