Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукашенко донесе декрет да нема поскапувања и ќе ги апси непочитувачите

Лукашенко донесе декрет да нема поскапувања и ќе ги апси непочитувачите

Во Белорусија не смее да има поскапувања. Ова е забрана од претседателот Александар Лукашенко.  Тој со декрет ги забрани зголемувањата на цените во својата земја.

Оние кои ќе го прекршат декретот веднаш ќе бидат уапсени и ќе бидат кривично гонети.

„Од 6 октомври е забрането секое поскапување. Забрането е!“, кажа тој на денешниот состанок на владата, пренесува државната новинска агенција Белта.

Инфлацијата во Белорусија во август изнесувала 17,9 отсто во споредба со истиот месец лани.  Стапката на инфлација до крајот на годината би можела да порасне и до 19 отсто. Особено пораснале цените на храната. 

Белорусија исто е предмет на санкции затоа што ја поддржува Русија, која почна инвазија во Украина на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести