Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукашенко: Белорусија спроведе специјална операција за ослободување на своите камионџии заробени во Украина

Лукашенко: Белорусија спроведе специјална операција за ослободување на своите камионџии заробени во Украина

Спроведовме наша специјална операција во Украина, тие никаквеци почнаа да апсат белоруски граѓани, вели белорускиот претседател Александар Лукашенко. 

Тој објави дека и неговата земја извршила своја специјална операција во Украина.

Лукашенко објасни дека официјален Минск работи на ослободување на белоруските граѓани во Украина.

„Белорусија спроведе специјална операција за ослободување на своите камионџии заробени и приведени во Украина. Се случуваше тие никаквеци таму да почнат да ги фаќаат нашите луѓе, пред се возачи на автомобили, кои во тоа време се најдоа таму. Запленија илјада и пол наши вагони и уапсија стотина наши момци кои ги возеа овие вагони. Ги предупредив Украинците дека ќе бидеме принудени да спроведеме операција за ослободување на овие луѓе. Направивме таква специјална операција и ги ослободивме сите наши луѓе“, изјави Лукашенко

Тој кажа дека сите белоруски граѓани ја напуштиле Украина.

„Ако некаде ни се останати еден, двајца, тројца, пет луѓе, треба да поставиме тешки услови, нека разговара белорускиот министер за надворешни работи со овој украински амбасадор дека ако тоа не се направи, ние ќе одговориме поинаку“, вели Лукашенко.

Лукашенко смета дека во преговорите за решавање на украинската криза треба да се вклучи и белоруската страна.

На 24 февруари Русија ја почна инвазијата на Украина. Воедно и од белоруската територија беше извршен напад на Украина. Западот воведе санкции за Русија, но и за Белорусија. 

Слично

Поврзани вести