Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луис Хамилтон победник на Шампионатот на Формула 1 во Бахреин

Луис Хамилтон победник на Шампионатот на Формула 1 во Бахреин

Големата награда на Бахреин во рацете на Луис Хамилтон на денешната трка од Шампионатот во Формула 1. Возачот на Мерцедес ги искористи малерите што ги снајде возачите на Ферари и на крајот прв мина низ целта.

Носителот на пол-позицијата Чарлс Леклерк водеше до 9 круга пред крајот , но не успеа да го издржи притисокот и на крајот го освои третото место. Додека втор на денешната трка се пласираше Валтери Ботас од клубот на Мерцедес.

И вториот возач на Ферари, Себастијан Фетел, имаше незгода и на крај мораше да се задоволи со петтата позиција, четврти беше Макс Ферстапен.

Следната трка ќе се вози по две седмици во кинески Шангај.


Слично

Поврзани вести