Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУЃЕТО ОД БАЛКАНОТ МАСОВНО ЗАМИНУВАТ ВО „ЗЕМЈАТА БЕЗ СТРЕС“: Платите се огромни, а постојано им недостасуваат работници

ЛУЃЕТО ОД БАЛКАНОТ МАСОВНО ЗАМИНУВАТ ВО „ЗЕМЈАТА БЕЗ СТРЕС“: Платите се огромни, а постојано им недостасуваат работници

Неколку децении наназад луѓето од Балканот заминуваат во Германија, Австрија, Швајцарија за да живеат и работат, а во последно време се селат и во Шведска. Таму веќе има цели населби во кои на улица многу често се слуша „нашиот јазик“ ... Но, сега се отвораат границите и на некои други земји, кои нудат вработување.

Така, Норвешка е земја со голем потенцијал, во која лесно можете „да се пронајдете и да заработите добро за живот“.

Хрватка, која релативно неодамна се пресели во Норвешка, секојдневно ги споделува своите искуства за оваа земја со своите следбеници на Инстаграм. Обично снима кратки видеа, во кои објаснува каков е животот во Норвешка, што е најнеобично за неа во однос на Балканот или како да се вработи.

Таа тврди дека сега Норвежаните имаат хроничен недостаток на работници: од медицински лица,  градежни работници, воспитувачи. Посочува дека од моментот кога ќе добиете ID, можете да аплицирате во Бирото за вработување, кое се вика NAV. Потоа ви помагаат да најдете работа. Покрај тоа, постојат приватни агенции за вработување.

Можете исто така да испраќате отворени апликации или CV до компании што ви се допаѓаат. Она што е важно да се напомене е дека на граѓаните на Хрватска им треба само лична карта, а на Србите им е потребна и работна дозвола за Норвешка.

Накратко, ID е личен норвешки матичен број со кој може да се постигнат многу нешта, бидејќи факт е дека само мал процент од луѓето (2 до 3 проценти) наоѓаат работа преку Интернет додека се уште живеат во нивната матична земја.

Кога барате работа, оние што го знаат норвешкиот јазик секогаш имаат предност, што е логично.

Просечната плата во Осло во моментов е околу 3.000 евра и е една од највисоките плати на ниво на европските метрополи. Но, треба да имате на ум дека трошоците за живот таму се скапи, особено киријата.

Она што секој треба да го знае за животот во Норвешка:

Слоганот „Ике стрес“, што значи „без стрес“, важи во оваа земја. Норвежаните веруваат дека животот не е стрес и дека не треба да се гледа низ таа призма.

Нервозни возачи и играње во сообраќај се недозволиви, бидејќи животот е многу потивок отколку на Балканот. Сите дневни задачи се извршуваат бавно, бидејќи се водат според слоганот „она што не може да се направи денес, ќе се направи утре“.

Норвешка е една од најмалку населените земји во Европа и во неа живеат околу 250 различни нации. Според некои анкети, тие се на листата на најсреќните луѓе во светот.

Децата во училиштата во Норвешка до 8 одделение немаат оценки, за да не доживеат таков вид стрес. Исто така, сите државни факултети се бесплатни, само приватните училишта се платени.


Слично

Поврзани вести